СЈО денеска поднело два обвинителни предлози

од Vladimir Zorba

novinari-sjo

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело два обвинителни предлози, пишува во најновиот извештај на СЈО, кој обвинителите денеска ќе го презентираат пред новинарите и за кој постои голем интерес.

Истиот извештај СЈО денеска треба да го достави до Собранието и до Советот на јавни обвинители.

Во извештајот не се кажува кои се предметите за кои Обвинителството поднело обвинителни предлози.

Како што е наведено во вториот извештај на СЈО, донесени се наредби за спроведување истражни постапки во четири предмети против 40 лица.

Во извештајот ги има и следните податоци за
работата на СЈО и за документите што ги подготвило:

  • 901 барање согласно член 287 од Законот за кривична постапка;
  • 36 наредби по член 284 од Законот за кривична постапка;
  • 324 записници за сослушување лица, од кои 264 за сведоци и 60 за осомничени лица;
  • 2 предлога за одземање предмети;
  • 27 барања за известување институции и правни лица;
  • 2 барања за заштита на законитоста;
  • 6 замолници за меѓународна помош.

14375395_1668068460174925_1458735219_o-226x300

Слични содржини