СЈО денеска со нови обвинети за криминал

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство на својата Фејсбук страна информира дека денска со почеток во 11 часот ќе одржи прес-конференција.

Најавата е во стил на гатанка  во која очигледно треба да знаат тие кои правеле криминал-„Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“ . По социјалните мрежи одат наддавања кој ќе ја погоди гатанката, а не е исклучено ова да е и шифра со која криминалците со власта  се договарале, а СЈО пак ја има од прислушуваните разговори  и анализа на „Бомбите“.

Официјалното толкување , кој е обвинет, кој инволвиран и како течела истрагата , денеска во живо од прес-конференцијата во 11 часот на Локално.мк.

Слични содржини