СЈО ги чека снимките на Чауш од ОЈО

од Vladimir Zorba

dsc07734-1

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) пред еден месец од Основното јавно обвинителство (ОЈО) ги побарало снимките од телефонските разговори кои, според полицијата, беа пронајдени кај Зекир Бекири – Чауш, главниот протагонист во аферата популарно наречена „Фабрика за афери“, меѓутоа СЈО сè уште не ги добило овие материјали, информира порталот prizma.mk.

Од ОЈО за БИРН објаснија дека ги издвојуваат снимките од останатиот доказен материјал.

„Снимките од разговорите се наоѓаат на истиот медиум со доказниот материјал кои Основното јавно обвинителство Скопје го користи во кривичната постапка против лице викано Чауш, а која не е правосилно завршена. По завршување на законската процедура материјалот ќе биде предаден на СЈО“, информираат од Основното јавно обвинителство.

Зекир Бекири – Чауш на почетокот од летово беше првостепено осуден на две и пол години поради обвиненијата во „Фабриката за афери“.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини