СЈО инсистира повтроно на притвор, кривичниот се размилува за Сеад Кочан !

од Vladimir Zorba

СЈО не отстапува од барањето да му се одреди притвор на осомничениот бизнисмен, Сеад Кочан, во случајот „Труст“.

На денешната расправа обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски вели дека истакнал оти понудената парична гаранција која бизнисменот ја доставил до Судот не е доволен доказ дека тој нема да го повтори делото.

За адвокатот на бизнисменот нелогично е да се инсистира на притвор кога се гарантира со огромен износ од речиси милион евра, тоа е вели  легитимна пракса на сите демократски држави.

Според адвокатот на Кочан, Никола Додевски, нема причина СЈО да инсистира повторно за притвор, кога осомничениот остава толкава сума како гаранција.

СЈО пак освен што се сомнева дека Кочан повторно ќе избега, смета дека тој може да го повтори делото. Оваа можност се отвори откако неговата фирма Трансмет повторно доби тендер распишан од ЕЛЕМ. А токму СЈО го сомничи Кочан и неговата фирма дека со лажни документи пред неколку години биле прворангирани на оглас на државните електрани за ископ на јаглен,работа вредна 17 милиони евра.

Инаку сметката на фирмите на Кочан меѓу кои и „Трансмет“ е блокирана по барање на СЈО. Но вчера на електронскиот систем за јавни набавки беше објавено дека ЕЛЕМ склучил договор со „Трансмет“ за позајмување на помошна градежна механизација, булдужер, камион, компресор цистерна и автодигалки повторно за потребите на РЕК Битола.

Овој тендер тежи 150 илјади евра. Според информациите на Телма од кардиологија Кочан веднаш откако судот го ослободи од притвор го пуштиле и од болница каде претходно му беше вграден стент.

Инаку тој во бегство беше два и пол месеци, се додека Врховниот суд го укина притворот за него.

 

Седницата на Кривичниот совет по жалбата на СЈО траеше околу час и половина.

Судот има рок од 48 часа да се изјасни за жалбата, која што беше поднесена вчера.

Слични содржини