СЈО ја доби првата пресуда, 18 месеци затвор за Грујевски

од desk2

Судот му изрече една година и шест месеци ефективна затвроска казна на Горан Грујевски, еден од обвинетите во случајот „Тврдина 2″ на Специјалното јавно обвинителство за уништување службени документи. Шестте службенички од МВР добија условни казни.

Според оддлуката на судот, пет од службеничките нема да поминат една година во затвор ако не сторат кривично дело во наредните три години, а една од нив, која претходно пред судот го призна кривичното дело, според одлуката нема да помине 9 месеци во затвор ако во наредните две години не стори кривично дело.

Судијката рече дека како отежителни околности ги земала предвид опасноста од извршување на ваков вид кривични дела како и исказот на една од службеничките која рече дека Грујевски кој бил претпоставен, не ѝ дал можност да избира во донесување на одлуката за уништување на документите

Судијката нагласи дека казната која му ја изрекла на Грујевски се движи во горните граници на законот за утврдување вина за ваков тип на кривично дело.

Судот не ги прифати исказите на обвинетите дека извршувале наредба на претпоставениот бидејќи тие морале да пријават незаконско работење.

– Денеска СЈО ја доби првата пресуда, обвинетите беа осудени, а ваквата осуда беше во нашите очекувања, рече Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска по пресудата за случајот „Тврдина 2“, каде првообвинетиот Горан Грујевски е осуден на казна затвор од една година и шест месеци.

-Правдата не треба да ја бараме само во судниците, туку и во работата на службениците. Изразуваме задоволство. Ние ќе ја почекаме пресудтаа и ќе ги разгледаме аргументите на судот, па ќе одлучиме дали ќе се жалиме, вели Ристоска.

Слични содржини