СЈО: Кочан е опасен на слобода-може да добие нов тендер

од Vladimir Zorba

Додека истекува рокот од 48 часа во кој судот конечно треба да одличи дали бизнименот ќе остане на слобода, обвинителите на СЈО пред кривичниот совет ги повториле барањата, за определување притвор, за бизнисменот Сеат Кочан.

Еден од наодите, поради кој не отстапуваат од барањето Кочан да биде притворен е фактот дека „Трансмет“ сеуште добива тендери од државата и Кочан може да го повтори делото.
Адвокатот на одбраната Никола Додевски, изјави дека е понудена екстремно висока гаранција за слободата на Кочан, од 1 милион евра и очекува Кривичниот совет да ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка и да не му определи притвор на Кочан.

Слични содржини