СЈО најави прес-конференција за утре на пладне

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство за утре точно на пладне најави своја прес-конференција.

Соопштението без дополнителни детали беше објавено на фејсбук страна на СЈО. Засега не се знае што ќе биде темата на новата прес-конференција.

СЈО има уште десетина дена мандат во кој може да покренува истраги и обвиненија, а потоа ќе може да ги води само веќе започнатите судски случаи.

Кривичниот совет во меѓувреме ја одби жалбата на СЈО за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“. Кочан претходно даде гаранција од речиси милион евра за да може да се брани од слобода.

Слични содржини