Досега никој од тимот на Катица Јанева не бил повикан на разговор во Основното јавно обвнителство, велат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за „24 вести“.

Специјалното јавно обвинителство од медиумите дознало дека се поднесени кривични пријави против тројца обвинители од тимот на Јанева.

katica janeva

Тие се сомневаат дека некој се обидува да му наштети на новото обвинителство, бидејќи од внатрешниот распит на обвинителите било утврдено дека никој од соработниците на Јанева не барал поткуп, ниту вршел притисоци на приватни лица, во корист на специјалното обвинителство.

„Сите наши обвинители беа прашани и во службената евиденција е забележано дека никој не постапил надвор од законските овластувања. Доколку тие кривични пријави се поднесени само паушално, без материјален доказ и се потпираат само на нечии изјави, тоа е лажно пријавување и штети и на институцијата, но и на личниот интегритет на обвинителите кои работат таму“, велат од СЈО.

Утре Катица Јанева пред комисијата во Советот на Јавни обвинители ќе треба да образложи зошто обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева беа исклучени од нејзиниот тим. Таа пред Советот на обвинители треба да образложи и дали е направен записник при примањето на материјалите од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

META

Слични содржини