СЈО потврди: Извршено е одземање на сите податоци од серверите на УБК!

од desk3

 

Во врска со прашања на интерес изразени од повеќе медиуми, а кои се однесуваа на постапувањето по судска наредба за прибавување на компјутерски податоци од помошни сервери во Управата за безбедност и контраразузнавање ве известуваме следното:

janeva_katica

Во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба. Појаснуваме дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не сме во можност да обезбедиме дополнителни информации. Одземените податоци ќе бидат предмет на анализа и нашите наоѓања ќе бидат благовремено споделени со јавноста.

Сакаме да појасниме дека спроведувањето на судската наредба од страна на надворешниот експерт беше овозможено од Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, а дополнителни гаранции беа дадени и од Министерот за внатрешни работи.

Слични содржини