Според  законската обврска, утре Специјалното јавно обвинителство ќе даде очет за сработеното пред Собранието и до Советот за јавни обвинители.

сјо

Шестмесечниот извештај треба да содржи податоци за активностите на СЈО, вклучувајќи и опис на напредокот во која било истрага или гонење преземено од страна на јавниот обвинител.

„Во таквиот извештај јавниот обвинител може да изостави материјали што, според него, треба да се чуваат како доверливи, но тој ќе обезбеди соодветни информации за да ги оправда трошоците“, се наведува во Законот за Специјалното јавно обвинителство.

СЈО вели дека ќе ја почитува законската обврска и по предавањето на извештајот тој ќе биде достапен за јавноста.

Според информациите достапни во јавноста, а презентирани од Специјалното јавно обвинителство, досега се започнати три истражни постапки, како и 15 нови предистраги кои се однесуваат на проверки во врска со финансирањето на медиумите, злоупотреби на постапки за јавни набавки, даночно затајување, перење пари, разни коруптивни дејствија и злоупотреби на службена положба и овластувања, финансиски истраги, злоупотреби на постапките што се однесуваат на градежни работи.

Слични содржини