СЈО влегле во Телеком- Се анализира дали се корисни податоците кои ги добиле !

од Vladimir Zorba
 

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) успеало да воспостави соработка со Македонски Телеком откако пред извесен период одржаале  работна средба со нивни претставници.

– Предмет на анализа ќе бидат податоците кои се обезбедени, ќе се види колку тие ќе бидат корисни, а резултатите дополнително ќе ги соопштиме – рече денеска обвинителката Ленче Ристовска.

Таа додаде дека очекува Врховниот суд да ја земе предвид праксата на Апелациониот суд применета во случајот „Шпион“ за начинот на прибавување на доказите, како и да се примени праксата на Европскиот суд за човекови права дека е важен јавниот интерес и дека не постои пречка и незаконски стекнати докази да бидат дел од истрага.

Ристовска најави дека СЈО ќе поднесе обвиненија во рокот, но пречка се одолговлекувањата на некои сведоци да дадат исказ.

Слични содржини