СЈО влезе во истрага на имотот на ВМРО-ДПМНЕ -се бара замрзнување на дел од него !

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска побара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ за кој има докази дека е купен со средства кои потекнуваат од кривично дело. Во овој дел од имотот спаѓа и седиштето на партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и други високи партиски функционери  „Талир“, која денеска ја објави СЈО. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека предмет на истрагата не е политичката партија, туку поединци кои ја злоупотребиле партијата и го оштетиле нејзиниот углед и репутација.

Пет лица се осомничени во предметот „Талир“ на СЈО од кои двајца од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се сомничат како директни извршители и тројца помагачи.

Во овој предмет има вкупно осомничени 14 лица. Испратени се 570 покани за сведоци и сослушани се 270 сведоци. Од деловните банки им биле доставени 11.886 уплатници, а предистражната постапка е на 100 страници.

– Успеавме да детектираме недвижен имот кој е купен во името на политичката партија, но не се користи за партиски цели. Има пасишта или ниви кои е очигледно дека не се користат за партиски цели. За што се користат тие имоти ќе биде предмет на истражна постапка. Има 12 барања во кои има по три имоти на едно барање – појасни обвинителката Ленче Ристовска.

Мерки за обезбедување присуство нема да бидат побарани во овој момент за трите предмети кои денеска ги отвори СЈО, но ако понатаму има притисоци или сомнителни однесувања , можност  за повторување на делото ќе биде  побаран притвор.

Од каде доаѓаат парите се води постапка и ќе биде предмет на истражување.

– Според анализите на истрагата, во краток временски период се вршеле уплати на сметката на партијата, на уплатници, кои биле пополнувани со ист ракопис и уплаќани во растојание од 20-30 секунди, во позната банка.

Перење пари

Во 2009 година, уплатите на донации по ден изнесувале и до 28.000 евра, а 2013 -2015 дневни просеци за уплати биле по 25.000 евра. Најсимптоматична е 2014 година кога уплатите се извршувале во рок од 40 дена и изнесувале и над 22.000 евра дневно на име членарини. Овие податоци се производ на анализите на сметката на политичката партија вклучително и уплатниците кои се со ист ракопис и уплатувани во растојание од 20-30 секунди, што значи дека станува збор за класично  перење пари – рече Ристовска.

Првоосомничен во случаите „Талир“ и „Траекторија“ кои беа презентирани денеска  од оввинителките на СЈО се за  исто лице од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Втората истрага „Тратекторија“ се води против 4 лица, поранешни високи владини функционери кои во втората половина на 2012 и 2013 презеле повеќе дејства во однос на избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што нанеле штета на буџетот  од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за истиот износ и овозможиле на компанијата  изведувач да се стекне со имотна корист. Тука е прекршен Законот за јавни набавки .

Изборот требало да го направат според домашното законодавство и ќе достават документација до кинеската Влада која пак ќе ја достави до кинеските компании за кои постои регистар. Но тие спротивно на процедурата ги доставиле до кинеските компании.  Во јануари 2013 тројцата осомничени поттикнати од првоосомничениот започнале разговори со првата компанија, иако втората компанија доставила документација за пониска понуда, која не била земена предвид. Таа понуда ја скриле и парафирале текст за изградба за автопатите  Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид со компанија која имала поскапа понуда.

Осомничените со тоа сториле злоупотреба на службената положба.


– Во случајот „Талир“ станува збор за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Постои сомнение дека на претседателот на партијата му биле познати законските ограничувања, но тој сепак од 2009 до 2015 година овозможил незаконско финансирање на партијата. Мотивите за тоа биле од лична природа, за целосна контрола на партијата и негова доминација во партијата и земјата -рече Фетаи.

Таа објасни дека тој прифатил некозаконски пари кои не ги вратил, туку ги задржал за партијата. Сторил злоупотреба на службена положба и овластување. Доказите велат дека тој со парите ја финансирал партијата. Била формирана група која перела пари и преку месните организации на партијата ги внесувале на жиро сметката на партијата преку готовински уплати со лажни податоци и злоупотреба на лични податоци на партиски членови.

Вкупно биле уплатени 301 милиони денари или околу 5 милиони евра. Дел од парите се трошеле за активностите на сега осомничените за нивни активности, за сметки, маркетинг услуги, хотели, ресторани и за купување недвижен имот.
Од 2009 до 2015 година купиле 71 недвижен имот со тие пари. Првоосомничениот спротивно на законски ограничувања овозможил услуги за партијата од фирмата АД Бетон.

Во периодот од 2009 до 2015 склучени се  вкупно 71 договор за имот платен од овие 5 милиони евра.Постои основано сомнение дека дел од имотот не бил за остварување на целите на партијата, а фотографиите прикажуваат дека овој имот  воопшти нема партиски цели, што значид ека може да се уизвлече заклушок дека лидерство и осомничените целосно ја злоупотрехиле партијата и воопшт не се либеле да ја дискредитират , напротив глумеле дека се патриотска партија.

Вкупно се осомничени 11 лица за перење пари, од кои 9 лица како директни извршители и 2 помагачи.

Првоосомничениот овозможил за ВМРО-ДПМНЕ да бидат обезбедени услуги од ГП Бетон Скопје преку јавна набавка. Има основано сомневање дека второосомничениот склучил договор за коинвеститорство од 79 милиони денари, а вкупните вложувања на Бетон биле 556 милиони, од кои 442 милиони била вредноста на објектот, а 131 милион денари биле уплатени на сметка на партијата на име регулирање на меѓусебните права и договори за коинвеститорство.

Ова всушност било донација на Бетон за ВМРО-ДПМНЕ. Според законските одредби, преку договор за јавни услуги, оваа компанија не можела да биде и донатор.

 

Првоосомничениот тоа не го спречил. Има основано сомневање дека 5 лица извршиле кривично дело злоупотреба на службената должност, од кои двајца биле директни извршители, а тројца помагачи. Осомничените се идентификувани лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја искористиле партијата и за лични мотиви.

Во предметите „Траекторија“ и „Талир“ првоосомничениот е исто лице, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Геуевски  а меѓу останатите осомничени се генерални секретари на партијата во тој период, овластени потписници, како и директори на Центарот за комуникации.

Третиот случај

Во истрагата за „Тревник има основано сомнение за три лица за изградба на три викенд куќи во населбата Зелениково, кои се изградени без одобрение за градба, за што според обвинителката Фатиме Фетаи има докази, сателитски снимки и документиација.

Овие три викенд куќи се започнати во 2010 година, а одобрение за градба од општината е обезбедено во 2013 кога се завршени. Законот за изградба предвидува ообратна постапка – одобрени па потоа градба. Надвор од овој редослед, овие дела се казниви како бесправна изградба.
За случајот „Сопот“ таа рече дека иако Советот на јавни обвинители не им го дал тој предмет, тие го истражувале.

– Од наводите за тој случај е откриено дека исказот на сведокот Рамадан Бајрами е изнуден со сила и закани кон него од припадници на МВР кои постапувале со него и сториле кривично дело тортура. За тие факти тврдат и самите припадници и самиот тој. Според вештачењето, како резултат кај него има последици по психичкото здравје. Вештакот утврди дека нема трајни последици по неговото здравје. Но, делото кое го сториле припадниците на МВР застарело во 2008 година. Сепак, сето тоа има директни последици за предметот кој се води во скопска единица.

Ако не ни се достави тој предмет до Организиран криминал ќе ги поднесеме сите докази. Ги истражуваме и сторителите, но поради тајноста нивниот идентитет нема да ги соопштиме – рече Фетаи.

Погледнете го целото видео од прес конференција со новинарските прашања до СЈО:

Слични содржини