Четирите предмети кои Специјалното јавно обвинителство ги побарало од општина Центар се поврзани со изградбата на спомениците: Воин на коњ (Александар Македонски), Воин ( Филип Втори), Цар Самоил и споменикот на Методија Андонов Ченто, информира Нова.

12714187_10207150513994243_1335840842_n

Овие споменици се дел од мегаломанскиот проект Скопје 2014 кој досега се потрошени над 600 милиони евра.

Според информациите на порталот, истражителите на СЈО ги подигнале сите материјали и докази кои се приложени во Ревизорскиот извештај на општина Центар за Скопје 2014, кој беше изготвен по стапувањето на функцијата на градоначалникот Андреј Жерновски во мај 2013 година.

Проектот „Скопје 2014“, кој навидум започна скромно, со првично најавена инвестиција од 80 милиони евра, до денес достигна над 600  милиони евра, сума која не е конечна, а од првично најавените четириесетина споменици и објекти – градот доби над 130.

600-те милиони евра се народни пари и затоа граѓаните секој објект го идентификуваат со 40 Тамари, 20 болници, училишта и се она што беше поприоритетно да се изгради.

Документите сега се во Специјалното јавно обвинителство, кое треба да испита дали сумите кои се исплатени од буџетот на државата се веродостојни и оправдани.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини