Скандал или само грешка при доделувањето „Оскар“ за најдобар филм

од Vladimir Zorba

Филмот ” La La Land ” беше прогласен по грешка за најдобар филм на годината од презентерот на наградите Ворен Бити. Бити очигледно  добил погрешен плик со името на победничката за главна улога и наместо да ги објави “Moonlight” за победник, актерот го соопшти филмот на Демијан Шазел.

Екипата на мјузиклот излезе да се заблагодари за наградата, но само по минута требаше да ја дадат статуетката на неверникот Бари Џенкинс, режисер на “Moonlight”, а публиката слушна два благодарствени говори.

(ГАЛЕРИЈА) СИТЕ СТАЈЛИНЗИ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА „ОСКАРИ“ 2017

Сепак, филмот за невозможната љубов во Холивуд стана најголем победник на вечерта, освојувајќи 6 од вкупно 14-те номинации за “Оскар”. Режисерот Демијан Шазел зеде награда за најдобар режисер, Ема Стоун ја прибра статуетката за главна женска улога, а филмот доби и во категориите оригинално сценарио, музика, песна и сценографија.

Кејси Афлек ја зеде наградата за главна машка улога за филмот “Манчестер крај морето”.
Во категориите за споредна улога статуетки прибраа Виола Дејвис за улогата во филмот на Дензел Вашингтон “Fences”, а Махершала Али ја зеде наградата за филмот “Moonlight”.
Во категоријата за анимирани кусометражни филмови победи “Piper” на “Пиксар”.

Асгар Фархад – иранскиот режисер, кој одби да дојде на церемонијата поради забраната на Доналд Трамп, доби втор „Оскар“ од странско говорно подрачје за филмот The Salesman.

Неговата беше и најкритичната порака на вечерта – тој ја нарече забраната на претседателот на САД нечовечна.

Останатите награди погледнете ги тука:

Оскари 2017: Блескави ѕвезди, солзи, многу политички набој и хумор

Слични содржини