Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда.

pari_27

Миноски вчера самиот призна дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда. Ова е скандалозно бидејки министерот за финансии постапил противзаконски!

Ова е директно прекршување на Законот за јавен долг, член 18 став 6.

Министерството за финансии морало да обезбеди претходно потврда за правната важност на еврообврзницата.

Според допис којшто е испратен од Министерството за финансии, агенцијата Ројтерс и другите медиуми објавија дека издавањето на еврообврзницата е усогласено со Министерството за правда. Сега е јасно зошто со денови молчи министерот за правда Валдет Џафери на прашањето дали Министерството за правда издало мислење за правната важност на еврообврзницата.

Го предупредуваме министерот Џафери, дека покрај другите нелегални дејства во моментот на издавање на еврообврзницата, ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра!

Ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија.

Министерот за правда, Владет Џафери добро нека размисли дали ќе биде соучесник во извршување на ова финансиско злосторство!

Укажуваме дека сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообврзница ќе мора да понесат одговарност, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини