Почетна / Хроника / Скандалите со поранешната приватна волница „Св. Лазар“ не запираат

Скандалите со поранешната приватна волница „Св. Лазар“ не запираат

Семејствата кои оставиле на чување матични клетки во поранешната болница„Св. Лазар“, а за тоа имаат валидни договори има можност да ги пронајдат. Но, оние кои немаат документи и сметки, а платиле за услугата , пронаоѓањето ќе биде потешко. Според информациите до кои дојде НОВА дел од матичните клетки се наоѓаат во објектот каде што порано беше сместена оваа болница, а дел во Бугарија. Дали таму има и јајце клетки кои биле донирани, како и ембриони допрва треба да се покаже.

Откако НОВА ја отвори приказната, го откри скандалот за гинеколот и почна да истражува каде се матичните и јајце клетките на тие што донирале, утринава од Бугарија од поранешните сопственици на болницата пристигнале списоците со евиденција на сите што потпишале договори за периодот од 2009 та до 2014 та година. Извори за НОВА потврдуваат дека има и такви кои немаат договори за чување, но матичните клетки постојат. На кого семејствата чии деца се родиле таму тие ги давале парите, дали во тоа е вовлечен гинекологот за чие работење и малверзации постои истрага, останува да се види.

Сега е потребно сите семејства кои беа загрижени за судбината на матичните клетки што ги оставиле на чување за своите деца да се обратат во истиот објект каде што беше сместена поранешната болницата Св. Лазар“, а потоа и „Моја болница“. Со овие две пропаднати болници раководел гинекологот Никола Дамчевски за кого е покрената кривична пријава од пациентка бидејќи девет месеци ја манипулирал и лажел дека е бремена, а при тоа и давал непотребни лекови штетни по здравјето.

Од сознанијата до кои дојде НОВА за половина од матичните клетки кои с е чуваат замрзнати во течен азот кои се наоѓаат во објектот кој се наоѓа во населбата Ѓорче Петров нема податоци, адреси или телефонски броеви. Дознаваме дека податоците за нив ќе мора мануелно да се обработат бидејќи не постои медицинска документација. Но, она што е фрапантно е дека при преземање на болницата податоците во сите компјутери биле избришани заедно со медицинската документација, фискалните сметки и начинот на плаќање на пациентите, веројатно тенденциозно.