Скандалот меѓу Трамп и Обама поради Русија се разгорува!

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп го  обвини својот претходник Барак Обама за  пропусти во однос на руската интервенција во претседателските избори во земјата минатата година.

Според Трамп, Обама знаел многу пред денот на гласањето за активностите на Москва, но не било направено ништо. Обвинувањата доаѓаат по објавување во “Вашингтон пост” дека уште во август 2016 Обама знаел за “директна интервенција” на Владимир Путин. Статијата тврди дека тогашната администрација размислувала за  голем број активности против Москва, но на крајот бил избрана симболична варијанта – протерувањето на 35 руски дипломати и затворањето на два руски културно-информативни центри. Ова сепак се случи повеќе од еден месец по изборите. Наводната интервенција на Русија во американските избори е предмет на широката истрага. Москва категорично негира обвинувањата.

Слични содржини