Скандалот се шири! Американското разузнавање со нов заговор против Трамп!

од Vladimir Zorba

Претставници на службите не му  доставиле на претседателот важни информации, бидејќи …

 
 Претставници на американското разузнавање сокриле  важна и чувствителна информација која требало да му се обезбеди на претседателот на земјата Доналд Трамп, пишува весникот The Wall Street Journal, цитиран од агенциите.

Одлуката на  претставниците на тајните служби е донесена, бидејќи се плашат дека информациите може да истечат во јавниот простор или да бидат  компромитирани.

Спорното  решение ја  нагласува длабоката недоверба што се насади меѓу разузнавачката заедница во САД и новиот шеф на државата, тврди весникот.

Во написот се наведува дека шефовите на шпионските оделенија кријат од Трамп важни податоци за методите на собирање на информации, вклучувајќи ги  и тие при шпионажа на странски држави.

Весникот го цитира и претставник на Белата куќа, кој вели дека, сепак, “ние немаме причина да мислиме дека тоа е точно  во реалноста.”

Претходно претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека напорите да се укине вревата околу таканаречената “врски со Русија” се обид да ги  скрие направенените грешки, кои завршија со загуба на Хилари Клинтон  во предизборна кампања на демократите.

Слични содржини