Скарлет Јохансон се залета по постар, таа излегува со адвокатот

од Vladimir Zorba

Скарлет Јохансон се најде под фото-објективот на папараците кои ја уловија со нов љубен. Тоа бил адвокатот на актерката, Кевин Јорн.

Скарлет се шетала со 51-годишниот маж по улиците на Њујорк, а двајцата биле фатени за раце, пишува Daily Mail.

Сведоци раскажуваат дека двајцата посетиле италијански ресторан. Очигледно актерката нема намера долго време да е сама. Деновиве се дискутираше дека таа има интимни односи со телевизискиот презентер Колин Џос, а сега веќе срцето ѝ припаѓа на друг.

Јохансон се раздели со сопругот Ромен Дориак. Таа се омажи за францускиот новинар во 2012 година, а во 2014 година се роди нивната ќерка Роуз Дороти.

Во март оваа година актерката поднесе барање за развод. Дориак се обиде да ја врати и ѝ напиша занесено писмо, но очигледно Скарлет не му обрнала внимание.

Фото: Daily Mail

Слични содржини