Склоноста на Џастин Теру кон неверство – можна причина за разводот со Џенифер Анистон

од desk4

– Подолго време медиумите во САД пишуваа дека бракот на Џенифер Анистон и Џастин Теру е во криза, наводно затоа што таа не сакала деца, но тие ги негираа тие тврдења.

Гласините долго време говореа и дека сега веќе поранешниот (втор) сопруг на актерката, цел живот искористувал богати жени, но двојката и тоа го демантираше.

Сепак на крајот, тие и официјално и соопштија на јавноста дека, по две и пол години заеднички живот, се разведуваат.

– Инаку ќе го задржевме тоа за себе, но со оглед на трачевите и измислиците, решивме да ја кажеме вистината. Што и да се пишувало за нас, не доаѓа од нас, тоа се нечии лаги. Сакаме да ја задржиме меѓусебната почит и љубов, стои во известувањето на двојката до јавноста.

За контроверзите да бидат позачинета, во јавноста излегоа и фотографии направени кусо пред заедничкото соопштение, на кои Теру е на прошетка со две непознати пријателки.

Теру и Анистон својата врска ја започнаа мај 2011 година, а во август 2012., токму на прославата на нејзиниот 41. роденден, тој и ја запроси. Во 2015. се венчаа во својата вила.

Во соопштението тие велат дека одлуката за развод паднала кон крајот на минатата година, но таблоидите и претходно пишуваа, на пример, дека Џенифер својот роденден лани го прославила со пријателки во Малибу, додека Џастин бил во Њујорк

Слични содржини