Skoda Rapid доаѓа во Женева со нашминкани очи освежениот модел добива нов 3-цилиндричен бензински турбо мотор

од desk2

На автосалонот во Женева, кој ги отвора вратите за неколку дена, Чесите од Skoda ќе го покажат обновениот модел Rapid, како и хечбек Rapid Spaceback. Седанот Rapid се појави во 2012 година, а хечбек со 5 врати Rapid Spaceback се приклучи во палетата на Skoda година подоцна.

Сега и двата модели добиле промени во дизајнот на изгледот и ентериерот, опремени се со иновативни системи и се придвижуваат со поекономично и динамични мотори, а во палетата влегува и новиот 3-цилиндричен бензински турбомотор 1.0 TSI, познаник од малите моделите на Volkswagen . Освежен Rapid и Rapid Spaceback веќе имаат нови фарови, кои како опција може да биде и Bi-Xenon, во кои се интегрирани ЛЕД дневни светла.

Во задниот дел на Rapid сосема малку е променета внатрешната конфигурација на C-обликуваните светла. Сосема малку се променети светлата за магла, кои можат да бидат опремени со функција за осветлување при вртење на возилото.

Во највисоко ниво на опрема Style е вметната хромирана лента меѓу фаровите за магла, а трепкачите се ЛЕД. Во задниот дел едвај забележливо е променета внатрешната конфигурација на C-обликувание светла. Како опција обновената Rapid и Rapid Spaceback располагаат со сензорни светла, кои се активираат автоматски при влегување во тунел или при темнина.

Електрониката реагира на спротивни-автомобили на растојание до 400 метри и веднаш го менува долгото светло со кратко. Обновената модели Rapid и Rapid Spaceback се опремени со тркала со нов дизајн и се достапни во неколку нови екстериерни бои.

Во внатрешноста се променети инструментите, отворите за вентилација и греење, а и изгледот на вратите. Во внатрешноста на моделите Skoda Rapid и Rapid Spaceback се променети и инструментите, отворите за вентилација и греење, како и изгледот на вратите.

Во мултимедијалните системи Swing и Amundsen е зголемен дијагоналниот екран, додаден е интерфејс SmartLink + поддржуваќ Apple CarPlay, Android Auto, MirrorLink и SmartGate. Моделот исто така се одликува со нов пар USB-порти во задниот дел на внтарешноста за полнење на паметни телефони и таблети.

Моделите добиле како опција и асистент при поаѓање на угорници, преден и заден парктроник, безклучниот пристап во колата и копче за стартување на моторот. За безбедноста на патниците има 6 воздушни перничиња, ABS и програма за стабилност ESP.

Во нивото на опрема Style има хромирана лента меѓу фаровите за магла, а трепкачите се ЛЕД. Со обновувањето на изгледот и ентериерот, Skoda Rapid и Rapid Spaceback добиле и целосно нов мотор. Тоа е 1,0-литарски 3-цилиндричен турбомотор 1.0 TSI со две варијанти на моќност од 95 и 110 КС Најголемиот бензински мотор е 1.4 TSI со 125 КС со можност за исклучување на два од цилиндрите. Дизел агрегат 1.4 TDI се нуди во варијанти со 90 и 115 КС. Договорите за обновената модели во Европа и кај нас ќе започнат во април.

Реновираниот Rapid Spaceback е качен на бандажи со нов дизајн и доаѓа во неколку нови екстериерни бои.

Слични содржини