Скопјанец ограбен во тоалет во ГТЦ

од desk2

М.А. (22) пријавил дека во текот на вчерашниот ден бил ограбен во тоалетот на Градскиот трговски центар во Скопје.

Сторителите со употреба на физичка сила му одзеле 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале. По кратко време, во врска со настанот, во Полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје (од нив четири се на 16-годишна возраст, а еден е 17 години). По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период.

Слични содржини