Скопјанец осуден на 20 месеци затвор во Грција за напад на полицајци

од Vladimir Zorba

Триесетгодишен скопјанец е осуден на 20 месеци затвор во Грција бидејќи алкохолизиран нападнал тројца полицајци на островот Родос.

Како што јавува грчкиот весник „Прототема“, откако се опијанил, скопјанецот се соблекол гол и легнал на маса во ресторан.

Полициските службеници побарале македонскиот турист да се облече, по што тој почнал да фрла предмети кон нив кои му биле при рака.

По нападот, скопјанецот е уапсен, а пред судот изјавил дека бил пијан и не знаел што прави.

Слични содржини