Скопјанец пронајден мртов во камп приколка кај езерото Треска

од Vladimir Zorba

images

61-годишен скопјанец бил пронајден мртов кај Езерото Треска. Се работи за Драган А. кој бил пронајден во камп-приколка, на која вратата и била отворена.

Него го забележал случаен минувач, кој веднаш повикал Брза помош, но за жал, таа можела да констатира само смрт.

Полицијата на местото извршила увид, а телото на починатиот е предадено на обдукција која ќе ја покаже причината за смртта.

Слични содржини