Скопскиот кривичен суд измислил нов начин на толкување и примена на Законот за кривична постапка, па по жалбите на СЈО за неопределување притвор ќе одлучувал откако ќе стигнеле сите жалби во предметот „Титаник“, а не во роковите од 6, 12 и 48 часа како што предвидува законот, пишува Сведок.

гоцаСудот соопшти дека откако ги добиле сите жалби и го комплетирале предметот, од тогаш почнувал да тече рокот од 48 часа во кој ќе одлучуваат.

Жалбите на СЈО за неопределување мерка притвор за Миле Јанакиески, Едмонд Темелко и уште две други лица беа поднесени во саботата навечер и рокот за одлучување истече синоќа, но судот не донесе одлука, а за Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и уште три други лица кои беа сослушани завчера, решенијата беа донесени потоа утротои доставени до Специјалното обвинителство.

Јасно е дека Кривичниот совет ќе ги потврди решенијата на судиите на претходна постапка за неопределување на притвор, па од тука зачудувачки се новите правила кои ги измислил овој суд, во целост спротивни на одредбите на ЗКП каде што е предвидено судијата на претходна постапка по сослушувањето носи решение во рок од 6 часа, на тоа решение има право на жалба незадоволната страна во рок од 24 часа до Кривичен совет, а Советот од тројца судии носи одлука во рок од 48 часа.

Толкувањето на судот дека треба да се комплетира е паушално и неправилно, па ако се толкува дека треба да се чекаат сите жалби, што ќе се случеше ако лицата беа во притвор, а сите обвинети да се сослушуваат во различни денови? Дали и тогаш со денови ќе се чекаа жалбите и немаше да се одлучува.

Токму развлекувањето во одлучувањето на Кривичниот суд и Советот во Апелација и прејудицирањето на вина во едно решение беше основ судот во Стразбур да донесе пресуди против Република Македонија.

Слични содржини