Четворица од приведените под сомнение дека се вмешани во терористичкиот акт во Лондон, остануваат во притвор , пренесоа агенциите. Седуммина други се ослободени, едниот е со кауција.

Се истражнува  дали сторителот на терористичкиот напад од 22 март Халид Масуд дејствувал самостојно или во група .
Претходно вчера британската полиција за првпат дистрибуираше негова фотографија.

 Шефот на антитерористичката единица на Скотланд јард – Марк Роули, изјави дека виновникот дејствувал самостојно “, инспириран од терористичката пропаганда”. Истовремено, тој остави отворено прашањето дали во злосторството биле вклучени други лица.

Британскиот телевизиски канал Sky News соопшти сод  свој извор дека во истаргата од полицијата  во смартфонот на 52-годишниот Масуд има докази дека буквално минута пред нападот тој  користел инстант месинџер.

“Прашањето е дали некој се обидел да се поврзе со него, тој ли се поврзал со некого или едноставно е избришан од  група или контакт со одредена личност од инстант месинџер. Не го знаеме тоа, но полицијата води истрага во таа насока.” – забележува Sky News.