“Скрипал воскресе”: Захарова пребледе на коментарот на бугарскиот новинар

од desk2

На конференцијата посветена на случајот Сергеј и Јулија Скрипал, еден бугарски новинар ја поздрави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, со зборовите кои ја оставиле во шок.

Новинарот ја поздравил Захарова со зборовите “Скрипал воскресе”, што таа го оцени како лош коментар. “Тоа е неприкладно”, рече Захарова.

https://www.youtube.com/watch?v=Nr7kButpahw

Инаку, поздравот на бугарскиот новинар алудирал на фактот дека британските власти неодамна објавија дека поранешниот двоен шпион, Сергеј Скрипал, кој заедно со својата ќерка Јулија бил отруен на 4. март во Солисбери, Англија, сега е подобро и неговата здравствена состојба се поправа.

Јулија неодамна беше пуштена од болница, а како што пренесоа медиумите, одбила помош од руската амбасада.

Слични содржини