Слабата побарувачка на iPhone X создава проблеми на Samsung

од Vladimir Zorba

Според јапонската бизнис агенција Nikkei, Samsung почна да бара нови клиенти за своите OLED панели откако нивниот главен клиент Apple го намали производството на iPhone X поради слаба побарувачка.
Корејците ги зголемија сериозно своите производствени капацитети, за да можат да ги обезбедат нарачките на Apple, но сега неочекувано се покажа дека компанијата од Купертино не може да ги „оптовари“ фабричките погони и Samsung се покажаа со вишок од производствен капацитет.

Други производители на смартфони пак не брзаат да направат транзицијата кон OLED поради повисоките цени на панели и барем за момент продолжуваат да се потпираат на LCD технологијата. Работите за Samsung се дополнително комплицирани од новите кинески производители, кои за возврат сериозно ги намалуваат цените.

Очекувањата се ситуацијата да се усложни уште повеќе по пуштањето на новата линија на LG Display на крајот на годината и очекуваниот старт на OLED производството од страна на кинеските компании BOE и Tianma што ќе стави крај и на монополот на корејскиот гигант. Во моментов, OLED панелите на Samsung чинат над 100 долари, а нивните главни предности се висока резолуција и флексибилност, овозможувајќи да се постигнат тенки странични рамки.

Сепак, нивната цена е двојно повисока од онаа на LCD панелот што се користи во iPhone 8 Plus, кој исто така е произведен од Samsung. Токму ова ги спречува повеќето производители да ја применат технологијата во нивните производи.

Во моментов, помеѓу 5 и 10% од OPPO и Vivo паметните телефони, на пример, се опремени со оваа технологија и нивните масовни производи продолжуваат да имаат LCD панели.

Слични содржини