Денеска е вистински ден за славење  за христијанскиот свет. Православните го слават св Трифун, католиците св Валнетин. Одличен спој на виното и љубовта велат оние кои им е најбитно да се слави. А која е историјата на двајцата маченици?valentine-restorani-03

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 февруари.

Ден на Св. маченик Трифун.

Се родил околу 225 година во селото Комсада, во римската малоазиска провинција Фригија. Родителите му биле христијани, а така и го воспитале, така што уште од мал имал голема љубов кон Бога. Кога во 249 година на римскиот престол дошол Декиј Трајан, за христијаните почнал еден од најлутите прогони во последните три века. Славата за доблесниот живот и чудата што ги правел свети Трифун дошла и до тогашниот управник на источните римски земји Аквилијан. Тој под стража го довел свети Трифун во Никеја, седиштето на источната власт. Изведен пред суд, свети Трифун не се откажал од Христа и по долго измачување пострадал маченички.

Sveti-Trifun-Sveti-Valentin1
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Валентин.

Тој бил свештеник во Рим кој се истакнувал со мудрост и свет живот. Поради тоа уживал голем углед. Римскиот цар Клаудиј Втори побарал од Валентин да се одрекне од верата во Христос и да и се врати на верата во римските богови. Валентин му одговорил: “Кога би знаел кој е вистинскиот Господ, никогаш нема да го побараш тоа од мене. За мене Христос е вистинскиот Син Божји”. Кога еден од паганските судии го прашал, што мисли за римските богови, тој одговорил: “Тие се демони!”. Поради тоа во 269 година му била отсечена главата.

Слични содржини