Славни жени кои го победиле ракот на дојката

од desk3

Рaкот на дојката е еден од најчестите видови на рак кој се појавува кај една во осум жени. Туморите често можат да поминат незабележано, но поради наследната природа на овој карцином, начинот на живот често има малку или никакво влијание врз развојот на болеста. Поради ова, сето богатство и слава на овој свет не можат да помогнат во спречување на развојот на ракот на дојката, а за тоа се доказ и овие славни личности кои се соочиле со оваа болест. Тие од нивната борба со рак на дојка излегоа како победнички, но целото искуство ги научи на важни животни лекции кои одлучија да ги споделат со другите.

breast-cancer-awareness-month

Синтија Никсон

c13f8309ae6e4ded8872

На ѕвездата од серијата Сексот и градот, Синтија Никсон, рак на дојката и бил откриен во 2006та година, за време на рутинска мамографија. Актерката веднаш беше подложена на третман и не сакаше јавноста да дознае за нејзината состојба. Благодарение на лумпектомија и радиотерапија, тогаш 40годишната Синтија беше во можност да го победи ракот и да го сподели нејзиното искуство со сите и да послужи како инспирација за другите жени во таа група.

Шерил Кроу

787722f34d28f4cc5beb

Ракот на дојката на Шерил Кроу, исто така, е откриен на рутинска мамографија во 2006та година. Пејачката веднаш ја откажа претстојната турнеја и се подложи на операција проследена со седум недели терапија со зрачење, збогатена со акупунктура и со билни чаеви. Кроу беше во можност да ја прескокне хемотерапијата затоа што нејзиниот рак беше откриен доволно рано.

Кајли Миног

13c7b30811965ec83471

Погрешната дијагноза за малку ќе ја чинеше Кајли шансата да се спротивстави и да го надмине ракот на дојката. Само откако таа инсистираше на повторување на тестирањата, лекарите откриле грутка во левата дојка. Таа имаше делумна мастектомија, хемотерапија и радиотерапија, и сето тоа и помогна да ја победи болеста. Австралиската пејачка од тоа извлече поука која сакаше да ја сподели со секого, а тоа е дека жената секогаш треба да им верува на своите инстинкти, дури и кога нејзиниот доктор во бел мантил го кажува спротивното.

Кристина Апелгејт

74ec3dfa3b544cb5e5f9

Иако ракот на дојката е почест кај постарите жени, тоа не значи дека не може да се случи и кај помладите. Ракот на Кристина Апелгејт и беше откриен во 2008та година, кога таа имаше 36 години. Актерка прво се подложи на лумпектомија, но кога дозна дека има BRCA мутација на гени или наследна предиспозиција за рак на дојка, таа се одлучи за двојна мастектомија. Апелгејт јавно призна дека тоа е неверојатно емоционално искуство за неа и дека тоа ја охрабрило да излезе и да се бори за рано откривање на болеста. Актерката оттогаш учествуваше во бројни настани за собирање на средства за истражување и образование за рак на дојка.

Оливија Њутн Џон

59d26d1419b3a1294485

На ѕвездата од “Grease”, ракот на дојката и бил откриен во 1992 година. По операцијата и хемотерапија, Оливија се повлече во Австралија, со цел да се опорави, и во текот на овој период таа го сними нејзиниот музички албум “Gaia, One Women’s Journey”. Актерката одлучи јавно да проговори за рак на дојката и го сподели своето искуство со другите пациенти, да покаже дека преживувањето е исто така опција, особено кога болеста рано ќе се открие.

Октомври е “розов” месец, што традиционално ја нагласува важноста на борбата против ракот на дојка. Главната цел е да се покаже важноста на раното откривање, бидејќи оваа болест, дури во 90% од случаите може да се излечи, доколку се открие на време.

 

Слични содржини