Обожавателите на Тејлор Свифт стануваат се поагресивни и вулгарни. И претходно ѕвездата имала работа со прогонѕвачи кои копнееле да ја допрат нејзината облека, но еден човек по име Роџер Алваро направил многу повеќе – се капел и спиел во нејзиниот кревет.

28-годишниот натрапник беше фатен во куќата на пејачката по алармот кој забележал дека го крши прозорецот со рака. Во февруари, истиот човек повторно беше уапсен, пишува TMZ.

Медиумите откриле дека Роџер успеал да се искапе и да  си прилегне за дремка во креветот на ѕвездата.

Всушност, имотот во прашање не е место во кое Тејлор престојува. Дури беше ставен во продажба на крајот од минатата година за 18 милиони долари, а ѕвездата всушност не живееше во неа. Сосема блиску, таа поседува пентхаус во кој што живее.

Минатата недела, друг натрапник беше уапсен во обид да влезе во куќата на Свифт во Беверли Хилс. Човекот носеше маска, ракавици и црна облека. Јулиј Сандрок е уапсен, а Тејлор има налог кој забранува да ѝ се доближува токму тој.