Слики од Адолф Хитлер најдени во австрискиот парламент

од desk2

Уметнички слики на кои е прикажан фирерот Адолф Хитлер најдени се во зградата на австрискиот парламент – 70 години по смртта на нацистичкиот лидер.

Работниците кои ја реновираат 134 години старата зграда на парламентот наишле четири слики, две бисти и релјеф во една од коморите, соопштија надлежните.

„Не е изненадување кога расчистувате зграда по 130 години“, вели портпаролот на парламентот за AFP. „Знаеме дека зградата е користена како ’Gauhaus‘ (седиште на локалната Нацистичка партија) за време на Втората светска војна и очекувавме вакви откритија.

Артефактите се дадени на историчари кои работат на историјата на зградата за време на нацистичкиот период (1938-1945).

Големото реновирање треба да трае неколку години. Законодавците во меѓувреме работат во близина во палатата Хофсбург.

Зборови кои не се пронајдени во базата:
Gauhaus, Хофсбург, Нацистичка,

Слични содржини