Слободен ПРОСТОР ќе донесе СЛОБОДЕН ДУХ !

од Vladimir Zorba

Урбани разговори- СРЃАН ЈАНИЌИЈЕВИЌ, режисер 

Но, таа приказна со капитализмот и културата најдобро ја опишува една анегдота. Кога градоначалникот на еден европски град, решил да затвори театар, бидејќи тој не работел комерцијално, директорот ставил на репертоар претстава во која играле две проститутки и едно магаре. Нормално, таа била веднаш распродадена, а градоначалников разбрал дека тоа не оди баш така. Мора да се разграничат нештата, да има критериум, за да не ни се случуваат порно глумици и магариња.“

Додека за претставата „Силјан штркот шанца“, се бара карта повеќе, и за неколку месеци има повеќе десетици изведби, нејзинот режисер Срѓан Јаниќиевиќ, неодамна ја разбранува јавноста и ги возбуди админстративните духови во ресорното министерство за култура. Имено, заедно со уште неколкумина уметници во различни дејности од културата, имаше забелешки на годишната програма на Министерството за култура. Според некои медиуми, изјавата дека со ваква културна политика може да дојде до истребување на квалитетната уметност (културен геноцоид) , беше пресилна, и овие изјави беа протолкувани како негодување, кое постојано се случува на оние кои нема да добијат подршка за нивните проекти. Но, во детален и непосреден разговор со Јаниќиевиќ, се препознава, токму тоа што се очекува од уметник, кој што е еден од оние генратори на културата, уметноста и урбаниот дух, оние што пред двесетина години беа дел од вонинституционално или субкултурно јадро, кое за жал потклекна  пред налетот на примитивизмот, што ни се случи на преминот од новиот милениум. Потпиша многу драмски текстови во секогаш се препознаваше критичкиот дух и ангажирана уметност. Во неговите размислувања, нема никаква доза на хејтерство, овие културолошки состојби ги припишува на процес низ кој мора да поминеме, и во сите нијанси на македонкото сивило, гледа нешто розово. Иако во Македонскиот народен театар не е вработен со примарната режисерска професија, постојано бара начини како да ги постави тесктовите на сцена. Тука според него лежи најголемиот проблем, во ослободување на просторот и поголема транспарентност за  театарската уметност. 

Според Јаниќиевиќ, независно од тоа што живееме во некој облик на либерален капитализам, државата мора да има критериум според кој ќе даде можност и подршка на уметниците да ги реализираат своите проекти.

Некои мислат, дека забелешките кон програмата на министерството за култура се пропаднат муабет. Мислам дека генерално е сменета структурата на правење уметност, особено театарска. Ако пред петнаесетина години беше можно, да влезеш во театар со доволно креативен текст, и да направиш претстава која ако е доволно добра ќе се го најде патот пред публиката и за која некој ќе имаше слух да ја стави на сцена, сега е невозможно да најдеш каков било простор. Имам впечаток дека се заробени сите простори. Нема јавни простори што некој уметник може да ги искористи. Значи,
потребни се пари дури и сакаш да направиш претстава дома. Но, таа приказна со капитализмот и културата најдобро ја опишува една анегдота. Кога градоначалникот на еден евроспки град, решил да затвори театар, бидејќи тој не работел комерцијално, директорот ставил на репертоар претстава во која играле две проститутки и едно магаре. Нормално, таа била веднаш распродадена, а градоначалников разбрал дека тоа не оди баш така. Мора да се разграничат нештата, да има критериум, за да не ни се случуваат порно глумици и магариња.   

Слободниот простор, како можност за правење тетарски претстави, Јаниќиевиќ го гледа и како симбол за општата културолошка слика и слободен дух во општеството. Преку заробување, на просторот, според него, се случува и окупација на слободниот дух и мисла.

Мора да се ослободи просторот за можност за работа на уметниците. Многу е индикативно тоа што, доколку вашиот текст не подржан и не е дел од годишната програма, вие не можете да го играте никаде. Тоа укажува на еден автократски однос или суров капитализам, што се спроведува преку оваа т.н културна политика. Целата приказна е во тоа дека, преку парите (буџетите) го контролираат тоа што сакаат да го контролираат. Тоа со мали амплитуди, секогаш било така, но мора да се овозможи простор за уметност која можеби и не е толку по желбата на тие што ги контролираат парите.

Моментно, Јаниќиевиќ бара простор за игра на претставата „Урбан бајрам“, работен според негов текст а во режија на Мартин Кочовски. Станува збор за текст, пишуван одамна, но многу актуелен денес.

„Урбан бајрам“, е романтична комедија, и зборува нешта што се случуваат во Скопје, но има и многу проблеми што се отвораат. Иако го пишував одамна, излезе дека сега е поактуелен, како да созреа и сега ја доби полната смисла на тоа што треба да биде рефлексија на реалната состојба. Но, се појави проблем каде да се игра, тоа е иронично.  

Генерациите, кои своите експлозивни тинејџерски години ги затекнаа на расчекор во распадот на старата држава и формирањето на независна Македонија, секако можат да посведочат дека Скопје, во еден грижливо изграден миг имаше силно културно јадро. Дел од тие луѓе кои постојано креира во алтернативни простори, ширеа музичка култура преку фреквенцијата на 103 радио, наметнуваа силина и рафинирана критичка мисла, е Јанаќиевиќ. Наместо еволуција и надградба на оваа приказна, денес, впечатокот е дека овие индивидуалци, работат секој на своја страна, и се загубија во цунамито од примитивизам.

Оваа држава постои, 25 години.  Можеби во првите десет години самостојност, иако државата не беше здрава, имаше уште доволно слободен дух и креативна мисла за да се движат нештата. Но, нештата радикално се сменија по 2001 година.  

После тој конфликт, како бранот на примитивизам да надојде и ја поиплави целата атмосфера.  Логично беше умните да се повлечат, бидејќи културен човек нема механизам ниту толку безобразна енергија да се бори со простоклук.

Освојувањето на просторот од нивна страна се случи повеќедимензионално, чекор по чекор, додека се стигна сите џебови на слобода да бидат исполнети и заробени.

Затоа им забележувам на надлежните инстутиуции, кои имаат обврска да ја заштитат кутурата. Лесно се дозволи нешто што е градени со години, да се сруши за пет минути.    

Сепак Јаниќиевиќ, смета дека не треба и премногу да бидеме остри кон себе. Се е процес, после кој нештата ќе станат појасни. Шарената револуција е есенцијано значајна во оваа насока, и тој смета дека се научија значајни лекции, важни за натамошниот развој на општеството.

Иако, некои сакаа да ја минимизираат важноста на шарената револуција, таа беше спонтана граѓанска иницијатива, преку која се покажа голема зрелост. Ние имаме чуден менталитет, или сме премногу опушптени или екстремно си судиме на самите себе. Ако се земе предвид дека, за овие двеипол децении, ние учиме како да станеме граѓански одговорни, бидејќи историски гледано, тоа не било можно, кога секогаш сме биле дел од некоја империја, и секогаш некој друг ја носел одговорноста. Нам многу нешта ни се случуваат по прв пат, и потребно е време да се научат лекциите. Дури, ако се земат предвид сите фактори, некако и не излезе се така лошо. Ние треба да го негуваме инстиктот за самостојност.

Што се однесува до филмската уметност, Јаниќиевиќ вели дека најмногу им забележува на недостигот од добри сценарија, квалитетна драматуршка поставеност. На македонската кинематографија, според него и треба модернизирање во драматуршка смисла. 

Ако е толку тешко да се направи претстава да не зборуваме колку е тешко да се направи филм. Не ми пречи тоа што се прават филмови со некои ретро теми, но мора да се модернизираат сценаријата и атмосферата во филмот. Без оглед дали филмот е за некој воин од пред неколку века, на гледашите им е важно да го примат на современ начин. Сценаријата се голема болка во нашите филмови. Тоа е долга и обемна тема. 

Деновиве на социјаните мрежи, иницираше дебата за вистината, или дали може да зборуваме за поствистина или постлага, сето тоа во прилог да почнат да се отстрануваат фалсификатите на повеќе нивоа од општествениот живот.

Разговарала:  Ана Василевска

фото Кире Галевски

Слични содржини