Словенечката амбасада во Скопје преку соопштение информира дека на состанокот на директорите на полициите на Словенија, Австрија, Хрватска, Србија и Македонија во Скопје не дошло  воопшто до договор за заеднички превози на мигрантите од Македонија до австриската граница односно до Австрија.Untitled(11)

„Словенечка иницијатива беше дека на целиот балкански пат треба да се спроведат единствени мерки за намалување на протокот и да се обезбедат единствени документи за регистрација/идентификација (кои ќе бидат издадени веќе во првата држава на влез). Во моментов во тек е координација на практичните можности за спроведување на оваа словенечка идеја“ се вели во соопштенето испратено од словенечката амбасада.

Амбасадата посочува и линк  видео од прес конференцијата  од вчерашната прес-конференција на државниот секретар на Министерство за внатрешни работи на Република Словенија Боштјан Шефиц :http://www.vlada.si/en/media_room/video_archive/video/article/press_conference_about_slovenias_activities_regarding_the_refugee_and_migrant_crisis_57552/,

 

Слични содржини