Словенечкиот глумец Гашпер Тич пронајден убиен во неговиот стан

од desk2

Познатиот словенечки глумец Гашпер Тич (44) е пронајден убиен во неговиот стан во центарот на Љубљана, јавија љубљанските медиуми. За убиството е осомничено 20-годишно момче, кое се наооѓа во притвор. Истрагата е во тек и не се соопштуваат детали.

Според неофициални информации, осомничениот самиот повикал полиција и го признал убиството. Тој тврди дека заедно со Тич бил на геј парадата во Љубљана, а потоа отишле во станот. Тич сексуално го нападнал, по што момчето го избодело 10 пати со нож.

Тич е еден од најпознатите актери од поновата генерација во Словенија. Роден е 1973 година во Копер, а кариерата ја започнал во 1991 година. Беше претседател на словенечкото Друштво на театарски актери.

Слични содржини