Словенија нов европски кошаркарски шампион

од Vladimir Zorba

 Словенечката кошаркарска репрезентација за прв пат во својата историја го освои шампионскиот трофеј на едно континентално првенство. Вечерва во Истанбул Словенија предводена од извонредниот Горан Драгич ја победи Србија со 93:85.

Финалето на Евробаскет 2017 донесе одлична кошарка со падови и подеми на двете селекции за на крајот сосема заслужено да се радуваат Словенците.

По воведните 10 минути Србија имаше водство со 22:20, но во втората четвртина словенечките кошаркари постигнаа неверојатни 36 поени наспроти 25 на противникот. Оваа разлика од 11 поени во втората делница се покажа како клучна на крајот. Србите се доближија во третиот период, а пред крајот имаа и водство, исто како и во последната четвртина кога поведоа со 78:77. Тогаш Словценија преку Препелич ја врати резултатската предност и до крајот не ја испушти.

Горан Драгич со 35 поени беше најефикасен во составот на новиот европски првак, Клемен Драгич реализира 21. Екстра талентираниот Лука Дончич се повреди на 15 минути пред крајот и не го доврши мечот.

Во српската репрезентација најефикасен беше Богдан Богдановиќ со 22 поени.

Со истиот резултат, 93:85 заврши и дуелот за третото место на ЕП во кој Шпанија ја совлада Русија и го освои бронзениот медал.

Слични содржини