Словенија прославува 25 години од прогласувањето на својата независност од поранешна Југославија. 4906507 (1)Владата на оваа балканска земјауште еднаш ја потврди  припадноста кон ЕУ, со оглед на тоа што поводот се совпадна со изборот на мнозинството граѓани на Велика Британија нивната земја да излезе од Унијата. “Словенија останува цврсто посветена на зајакнување на Европската унија … Верувам дека ЕУ треба да биде зачуван како проект кој го зацврсти мирот, соработката, слобода и безбедност”, изјави  премиерот Миро Церар. Претседателите на Германија, Унгарија, Италија и Хрватска учествуваа во официјалните прослави во Љубљана.

Словенија, како и Хрватска, прогласи независност во јуни 1991. повторно по референдум. Одиумот  ја предизвикува реакцијата на Белград и диктаторот Слобода Милошевиќ и води до 10-дневна војна, но генерално Словенците успеваат да излезат од Југославија без крвави конфликти, како подоцнежните во Хрватска, Босна и Косово. “Еуфорија од пред 25 години можеби  е избледена, но очекувањата на луѓето остануваат високи”, гласи владина позиција за празникот. Словенија е дел од ЕУ од 2004 година, а во монетарната еврозона влегува во 2007 година. / АФП

Слични содржини