Словенија утре во 6 наутро ќе почне со подигнување на жичана ограда, објави хрватската телевизија Нова. Словенија купила 125 километри жичана ограда, а за поставување ќе бидат потребни десет дена.

2D96695000000578-3280882-Migrants_and_refugees_wait_to_cross_the_Croatia_Slovenia_border_-a-1_1445359175816
Словенскиот премиер Миро Церар денеска порача дека нема да им повреда на хрватската територија со поставување на оградата, но не кажа конкретно од каде ќе почне подигнувањето на ѕидот за мигрантите.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека случувањата во Словенија покажуват потреба за заедничко европско решение за мигранската криза. Заштитата на надворешните граници на Европската унија е една од главните теми на дводневниот самит кој утре почнува на Малта.

Слични содржини