Врховниот суд официјално потврди дека во текот на мај ќе биде одржна јавна седница за случајот „Монструм“.

 

Во игра се три датуми-18, 22 или 30 мај, пренесува АлсатМ. Одбраната жалбите до највисокиот суд ги поднесе на 4 јануари лани, а јавна седница чекаат повеќе од една година. За масакрот кај Смилковското езеро пред пет години осудени на доживотен затвор се шест лица. СДСМ најавуваше дека има прислушувани разговори за овој случај, но никогаш не ги објави, а постапка за „Монструм“ има отворено и Специјалното обвинителство.

Слични содржини