Случајот „ТНТ“ го чека судското вештачење за уривањето на „Космос“

од Vladimir Zorba
Бизнисменот Фијат Цаноски обелодени дека продолжуваат притисоците на власта врз него. Последно, се закануваат и поднесуваат кривични пријави до мојот зет, кој е управител на градежната фиорма што го градеше „Космос“, вели Цаноски, за 24Вести.
„По пет години од уривањето кај мене, поднесоа кривична пријава на мојот зет, мислеа дека со тоа ќе ме уплашат, затоа што е директор на фирмата, за незаконско градење. Но, не му се плашиме, знаеме дека има докази и дека еден ден ќе се најде некој вештак да извештачи како што треба за нивните криминали. За се е потребно вештачење и затоа се кочниците“, обелодени вчера бизнисменот Фијat Цаноски во емисијата „Тренд“ на 24 Вести.
Уривањето на обејктот „Космос“, како што во април годинава објави СЈО, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски бил поттикнат од Груевски и Јанакиески да најде начин и незаконски да го сруши објектот.
Цаноски наскоро ја очекува финалната пресуда од Стразбур.
„Има премногу докази и Груевски ќе биде осуден. Тој треба да биде 10 години затвор само за мојот предмет, согласно кривичниот законик“, вели бизнисменот.
Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини