Случајот за нарачаните шамари во Центар зависи од одлуката на Апелација

од desk2

Специјалното јавно обвинителство се уште чека одговор на жалбата поднесена до Апелација, информира АлсатМ. На трети месецов тие до повисокиот суд ја обжалија одлуката на Кривичен да не прифати дел од доказите предложени од Катица Јанева за нарачаните шамари во Центар, каде првообвинет е екс премиерот Никола Груевски.

На последното рочиште пред два месеца судијката Татјана Михајловска која е, и в.д. Претседател на Кривичен ги отфрли бомбите кои укажуваат дека Груевски е нарачател на насилството во општина Центар. За неа, биле набавени на нелегален начин. Михајловска на 16 декември лани го упати СЈО да се жали до Апелација. Судијката не дозоволи ниту СЈО да користи заштитен сведок кој само би ги потврдил нивните докази дека Груевски од лукративни и бизнис интереси нарачал насилство пред општина Центар. Доколку Апелација го потврди решението на Скопска единица бомбите да не бидат докази против Никола Груевски, се проблематизира и надлежоноста на СЈО, бидејќи обвинението е покренато од прислушуваните разговори кои ги објави СДСМ.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини