Слушањето музика го подобрува перформансот при вежбање

од desk2

Научниците од Универзитетот на Тексас уште еднаш потврдија дека слушањето музика го олеснува интензивното вежбање.

Новото истражување покажа дека испитаниците кои слушале музика за време на кардио тренингот биле поиздржливи од оние кои вежбале без музика.

„Ова истражување покажува дека музиката може да биде помошно средство што ве мотивира да постигнете повеќе за време на вежбањето“, вели доктор Васим Шами, еден од авторите на истражувањето.

Доктор Шами и неговите колеги испитувале 127 доброволци и утврдиле дека срцето реагира на сите напорни вежби, вклучувајќи ги промената на косината и брзината на лентата за трчање на секои три минути.

Половина од испитаниците имале за задача да слушаат латино музика со брзо темпо додека трчале на лента, а другата половина трчале во тишина.

При споредбата на резултатите, научниците сфатиле дека испитаниците кои слушале музика вежбале 8 минути и 26 секунди без прекин, што е за минута и девет секунди повеќе од испитаниците во втората група.

Ова не е првото истражување што дало вакви резултати.

Други одделни истражувања покажале дека луѓето се подготвени за поинтензивно вежбање кога ритамот на вежбање им е прилагоден на ритамот на музиката.

Слични содржини