Смртта на полубратот на Ким Џонг Ун станува помистериозна

од desk2

Лекарите не откриле знаци на срцев удар, траги од убоди или други рани на кожата на загинатиот на 14 февруари во Куала Лампур полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун – Ким Јонг Нам, соопшти телевизиски канал Си-Ен-Ен.
Министерот за здравство на Малезија Нур Хишам Абдалах објави на прес-конференција дека конечната причина за смртта на Ким Јонг Нам може да биде прогласена дури по крајот на сите лабораториски тестови.
Запрашан дали може да се зборува за труење, министерот повика да се почекаат резултатите од анализите.

Во меѓувреме стана јасно дека роднините на починати се уште не го побарале неговото тело.

Слични содржини