Смрттна казна за силувачи на девојчиња во Индија

од Vladimir Zorba

Индиската Влада денеска одобри смртна казна за осудените силувачи на девојчиња помлади од 12 години, откако премиерот Нарендра Моди свика вонредна седница како одговор на националното незадоволство, предизвикано од голем број сексуални насилства во земјата.

На седницата е усвоена извршна наредба за измена на кривичниот закон, која ќе вклучува смртна казна за осудените силувачи.

Одлуката ќе стапи во сила откако ќе биде потпишана од претседателот на Индија.

Сексуалното злоставување врз жените е исклучително чувствително политичко прашање во Индија, каде често се случуваат протести поради постојаното насилство врз жените и поради неуспехот тие да бидат заштитени.

Многумина во Индија ја критикуваат Владата на Моди бидејќи не прави доволно за да ги заштити индиските жени, вршејќи притисок врз неговарта хиндуистичка националистичка партија./МИА

Слични содржини