Смути што ќе ви го забрза метаболизмот

од desk2

 

Пролетта е вистинско време да преземете нешто за да го разбудите зимски заспаниот метаболизам. Многу билки и зеленчуци може да ви помогнат во тоа, а целерот е еден од најдобрите предлози.

Целерот поттикнува слабеење и го регулира крвниот притисок, а има и силни афродизијачки својства.

Полн е вода, минерали и витамини, влакна, но има малку калории, па е неизбежен сојузник на секоја диета.

Целерот содржи и состојки кои го намалуваат лошиот холестерол.

Најдобро е да го јадите свеж или да го пиете како чај.

Чајот се подготвува од 40 грама листови на целер кои се варат во литар вода. Кога чајот ќе отстои, процедете го и пијте го неколк пати на ден, во тек на четири недели/ Испробајте и свеж сок од целер.Тој е навистина одличен за подигање на енергијата и забрзување на системот за варење.Најлесно ќе го направите со 250 грама корен од целер, неговите стебла и малку лисј. Заради неговиот силен вкус може да додадете во соковникот и малку јаболко или цвекло.

Слични содржини