Смути за слабеење со ананас

од Vladimir Zorba

За да бидеме во добра здравствена состојба и форма треба не само да внимаваме на начинот на исхрана, но и на  тоа какви пијалаци консумираме. Во последно време сè повеќе посакувани стануваат корисните смутија. Тие ги комбинираат во себе нашите омилени овошја, зеленчук, јатки, млеко.
Нè одржуваат енергични и заситуваат. Смутијата можат да бидат добра замена на еден или два оброци или на малите ужинки помеѓу нив. Денес споделуваме еден рецепт за здрав пијалок кој може да помогне за намалување на вишокот килограми.

За да ги постигнете посакуваните ефекти добро е да вежбате и да си изградите здрав режим на исхрана.

За да си приготвите смутија ќе ви требаат:
1 страк целер
1 средно голема краставица
неколку листови магдонос
3 парчиња свеж ананас

Сето сомелете го во блендер до добивање на хомогена смеса. По желба може да додадете и малку вода, но не додавајте дополнително шеќер или мед.

Пијалакот треба да се консумира до 15 минути откако е подготвена за да не изгубат своите корисни квалитети. Земајте ја наутро на празен стомак, како и во попладневните часови, кога ќе почувствувате глад.

Која е тајната и ефективноста на ананасовото смути ? Тајната на овој пијалок е во состојките кои се содржат во него.

Целер – многу нискокалоричен, во 100 грама од него се содржат само 16 калории. Од друга страна зеленчукот е богат со диетални влакна кои создаваат чувство на ситост и така помагаат за елиминација на вишокот килограми.
Како целерот, така и краставицата содржи многу вода, малку калории и е препорачан зеленчук при почитувањето на диететски режими на исхрана. Таа спаѓа во групата на т.н. диуретски зеленчук, кој помага за елиминација на вишокот течности од организмот.

Магдоносот содржи големо количество влакна – 3,3 грама на 100 г производ, многу витамини и е исто така одличен диуретик.

Во 100 г свеж ананас се содржат 1 г нерастворливи влакна. Ананасот е сметан за еден од најдобрите плодови кои го согоруваат вишокот на масти, а и кој ни помага да бидеме поенергични.

Ако се храните мудро, спортувате и го пиете овој пијалок секој ден, уште на втората недела ќе забележите позитивни резултати во својата фигура.

Слични содржини