Снајдер го напушти Галатасарај

од desk3

Галатасарај и полудефанзивецот Весли Снајдер се разделија со взаемна согласност, соопштија од клубот. Договорот на холанѓанецот беше до 2018 година, а неговата плата по сезона беше по 4,5 милиони евра.

Минатата сезона Снајдер учествуваше во 28 натпревари, постигна 5 гола и забележа 15 асистенции. 33-годишниот фудбалер игра во Галатасарај од 2013 година. “Јас имав одлични години во Истанбул, го сакам клубот, градот и навивачите. Ти благодарам за сè”, Весли Снајдер напиша на својотпрофил на Твитер.

Слични содржини