Снег го парализира сообраќајот во Австрија

од Vladimir Zorba

Обилни снежни врнежи синоќа ги зафатија централните региони на Австрија, при што беше парализирано движењето на автомобилите на главните автопати.
Стотици возачи заглавија во сообраќајниот метеж, претежно во покраината долна Австрија. Голем број сопственици на автомобили поради топлото време и летните температури во март побрзаа да ги сментат зимските со летни гуми и сега станаа заложници на снежната бура.
Невреме проследено со снег и силен ветер ја зафати и Босна и Херцеговина, додека на повисоките места во делови од Германија температурата достигнала до -10 целзиусови степени. Врнежи од снег ги изненадија и жителите на Киев каде снежната покривка достигна 10 сантиметри, при што голем број на летови беа откажани.
Метеоролозите предупредуваат дека кон крајот на неделата во долна Австрија и Штаерска температурите може да паднат и под нулата.

Слични содржини