Малку до умерено облачно и претежно тивко. Во поголем дел од земјата ќе биде сончево со умерена облачност. Во јужните делови променливо облачно, доцна попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

vrapce-sneg

Во Скопје:Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 12 степена.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот: 49 Маврови Анови, 37 Лазарополе, 7 Крушево.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2): 20 Гевгелија, 18 Дојран, 12 Пожаране, 11 Кр.Паланка, 10 Д.Капија и Маврово, 9 Берово, 8 Струмица и Кавадарци, 7 Куманово и Лазарополе, 6 Битола и Прилеп, 5 Претор, 4 Дебар и Крушево, 3 Скопје и Тетово, 2 Охрид и Виница, 1 Штип.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: -4 Маврово, -3 Берово, -2 Лазарополе и Крушево,, -1 Скопје-Петровец, и Кр. Паланка, 0 Битола, Прилеп, Тетово и Претор, 1 Охрид, и Д.Капија, 2 Штип, Кавадарци, Куманово, Дебар и Виница, 3 Скопје-З.Рид, и Гевгелија, 5 Струмица, 6 Дојран.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во југоисточните делови, каде локално ќе наврнат над 20л/м2 дожд. Во деновите од викендот ќе преовладува променлво облачно време со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат со слаб интензитет.

Слични содржини