Снешко е новиот „вработен“ во холандската амбасада во Скопје

од Vladimir Zorba

Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје чистењето снег пред зградата го претвори во забава.

Амбасадорот Ваутер Пломп и вработените во текот на вчерашниот ден, придржувајќи се до законската одредба да се исчисти пристапот до објектите, одлучиле насобраниот снег да го претворат во снешко, на кој му ставија капа и маица во портокалова боја, која е карактеристична за Холандија.

Снешкото е поставен непосредно пред влезната врата на амбасадата, а со порака „Македонци бидете во контакт со Холанѓаните“ (Macedonians keep in touch with the Dutch) ги поздравува случајните минувачи и посетителите на амбасадата.

Фотографии од забавното чистење се објавени и на фејсбук-страницата на амбасадата со порака:

„Кога животот ти дава снег, направи снешк(а)о. Запознајте го нашиот привремен колега, Господин Снеупоп“./МЕТА

Слични содржини